Чорбите се многу вкусни и исклучително потребни за Вашето и здравјето на Вашите деца. Без разлика дали се работи за сезонска, традиционална или здрава храна, ние го поседуваме најдобриот рецепт за подготовка на квалитетни и вкусни чорби. Направивме истражување со потрошувачите и нивниот одговор беше одговор дека тие на својата трпеза го сакаат најдоброто.

Чорба подготвена по домашен рецепт. За нивната подготовка користиме свеж зеленчук и месо со фонд од говедска коска. Вкусот е збогатен со морков, целер, магдонос , боранија, домат праз, лук, кромид, пченка и тиквици кои го збогатуваат вкусот. Асортиманот на производите продолжува да расте благодарение на нашите клиенти кои не предизвикуваат со нивните барања за нови рецепти.

Ова претставува поттик и предизвик за нашиот професионален тим да подготват и понудат нешто ново во нашата палета на производи.

Подготовка:
Две минути во микро печка без капачето или три минути во тавче на шпорет.

Значењето на чорбите подготвени од јунечки коски се многубројни.
Содржат многу минерали како што се калциум, калиум, фосфор и витамини кои се ослободуваат од зеленчукот.
Користењето на чорбите помага при зајакнување на коскениот систем особено кај децата во развој, лекување на настинки, намалување на болките на артритисот, а присутноста на амино киселините помага за детоксикација на организмот.

Showing all 4 results

Show sidebar
Прикажи 9 24 36